НЕЈМАР НЕКА КАЖЕ ЗОШТО НЕМА НИКОЈ ШАНСА СО САУДИЈЦИТЕ
Објавено на: 16.08.2023
Списокот на сите бенефити што ќе ги добие Нејмар во Саудиска Арабија, е долг и елитен, луксузен, господски, царски, кралски…
И поради тоа големата ѕвезда се реши да ја напушти Европа и да заигра за „легендарниот“ Ал Хилал.
Еве ја листата:
– Куќа со 25 спални соби 🏠
– Базен од 40 x 10 метри и три сауни 🏊♂️
– 5 вработени со полно работно време за неговата куќа 👨💼
– Bentley Continental GT 🚗
– Aston Martin DBX 🚗
– Lamborghini Huracán 🚗
– 24-часа личен возач 👨✈️
– Сите сметки за хотели, ресторани и разни услуги за време на неговите OFF денови ќе бидат испратени до седиштето на клубот за да се платат
– Приватен авион на располагање за неговите патувања 🛩️
– 500.000 евра за секоја објава на социјалните мрежи што ја промовира Саудиска Арабија 🇸🇦
– Да не зборуваме за неговата плата од 100 милиони евра годишно 🤑(Извор: АС)
Нејмар има 31-на година и се наоѓа во зенитот на кариерата, а со Бразил сака да заигра и на следното СП и да ја освои титулата.

Би прифатиле ли и Вие да заиграте за саудиски клуб, во ваква констелација?