Фудбал

НЕЈМАР ДОБИЛ НАСЛЕДСТВО ОД РЕЧИСИ ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА, А НЕ ГО ПОЗНАВА ЧОВЕКОТ КОЈ МУ ГО ОСТАВИ БОГАСТВОТО?!

Повеќе бразилски медиуми излегоа со тврдења дека Нејмар наследил богатсво од непознат бразилски милијардер со кого никогаш во животот не се запознал.

Наводно, неименуваниот починат милијардер во својот тестамент го ставил Нејмар како наследник на астрономски 975 милиони евра, сума со која Нејмар сега може да се нарече милијардер.

Тестаментотот бил формализиран во Порто Алегре, а потоа на 12 јуни била потврдена и автентичноста на истиот, додека се шпекулира дека Нејмар бил одбран за наследник на богатството бидејќи милијардерот немал деца, ниту сопруга за да ги остави парите во семејството.

Ѕвездата на Сантос сега чека одобрување и потврда од судот дека е единствен наследник на богатството, а Нејмар засега нема прогоментирано ништо околу ситуацијата.