Фудбал

НЕМИРНА НОЌ ВО ЗАГРЕБ: МАСОВНА ТЕПАЧКА НА БЕД БЛУ БОЈС И ТОРЦИДА

На паркингот на загребскиот аеродром Фрањо Туѓман во ноќта меѓу петокот и саботата дошло до масовен физички судир меѓу припадници на навивачките групи Бед Блу Бојс и Торцида.

Навивачите на Хајдук се враќале од Литванија по гостувањето против Жалгирис, нешто што лутите ривали од Загреб го знаеле, па се организирале во поголема бројка за да ги „пречекаат“. Ситуацијата набрзо ескалирала.

На снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледаат неколку десетици лица на паркингот, а според дел од хрватските медиуми во инцидентот учествувале околу 50 луѓе.

Во моментот кога се појавија првите информации немаше официјални податоци за бројот на повредени или евентуални приведувања. На достапните снимки полицијата не се гледа за време на самиот судир, а дел од медиумите наведуваат дека полициските екипи пристигнале откако учесниците веќе почнале да се разотидуваат.

Се очекуваат официјални информации од надлежните институции за околностите и последиците од инцидентот.