Тенис

НЕХУМАНИТЕ УСЛОВИ ЗА ИГРА ВО ТОКИО, МОЖЕ ДА ГИ ЧИНАТ СКАПО СПОРТИСТИТЕ

Паула Бадоса го предаде дуелот против Маркета Вондроусова од Чешка, во 1/4 финалето на ЛОИ во Токио, поради пеколните горештини кои владеат во Јапонија, од кои Шпанката доби топлотен удар.

На 32 целзиусови степени, претставничката на Шпанија побара лекарска помош, а медицинските лиа констатираа дека таа не смее да продолжи со натпреварот, по што беше изнесена со количка.

Вондроусова во 1/2 финалето ќе игра со Украинката Елена Свитолина, која во 1/4 финалето со Камил Џорџ во два сетови.