Фудбал

НЕ ЧЕКАШЕ НИ СЕКУНДА: ГОЛМАНОТ НА РАЈО СО ГЕСТ ЗА ОРДЕН

Херојски потег пристигна од голманот на Рајо Ваљекано, Аугусто Баталја, кој за време на натпреварот против Кристал Палас покажа неверојатна присебност и човечност.

Во текот на првото полувреме Баталја забележал медицинска итна состојба на трибините и веднаш реагирал. Наместо да ја продолжи играта како ништо да не се случува, голманот седнал на тревникот и со својот потег му сигнализирал на судијата дека нешто сериозно се случува меѓу гледачите.

Неговата брза реакција веднаш го насочила вниманието кон трибините, по што медицинските служби интервенирале.

Потегот на Баталја брзо стана тема на социјалните мрежи, а многумина го пофалија за присебноста и фактот што во клучен момент човечкиот живот го ставил пред самиот натпревар.

Фудбалот повторно покажа дека понекогаш најголемите потези не се случуваат пред голот, туку далеку од него.