НАСЛЕДСТВОТО ШТО ГО ОСТАВИ КУМАН
Објавено на: 29.10.2021
Холандскиот стратег е „далечно“ минато во Барселона, пред се навивачите ќе сакаат да го заборават што побрзо, поради катастрофалните резултати на екипата во неговата ера.
Но, Роналд Куман остава зад себе и многу храбри потези, дел од нив свесни, а дел неизбежни. Меѓу моментите кои ќе го одбележат неговото неславно владеење, се дебитантите.

Човекот што со голот од слободен удар во финалето против Сампродија 1992-та и ја донесе првата титула во ЛШ на Барселона, ги воведе во игра следните имиња:
Педри (17 години, 2020)
Тринкан (20 години, 2020)
Дест (19 години, 2020)
Мингеза (21 година, 2020)
Мориба (18 години, 2021)
Гонзалез (19 годинии, 2021)
Гарсиа (20 години, 2021)
Демир (18 години, 2021)
Гави (17 години, 2021)
Балде (17 години, 2021)

Со овие потези, односно воведувањето во игра на овие споменати млади фудбалери, Куман или и ја скрои иднината на Барса, или им ја скрои капата на Каталонците.
Што е вистината, ќе покаже блиската иднина…