НАЈЗАГРЕАНИОТ ЗА ТРЕНЕРСКОТО СТОЛЧЕ ВО ЈУВЕНТУС?
Објавено на: 27.10.2025
Лучано Спалети е името на врвот на списокот на Јувентус за потенцијални замени за Игор Тудор, кој беше отпуштен од функцијата рано изутринава, а италијанските медиуми откриваат дека веќе имало директен контакт помеѓу „бјанконерите“ и поранешниот селектор на италијанската репрезентација.
Како што се повеќе се споменува во печатот низ Италија, Спалети дал согласност за превземање на Јувентус, со договор до крајот на сезоната и можност за продолжување на уште една година. Сепак, „старата дама“ во меѓувреме стапила во контакт и со Роберто Манчини и Рафаеле Паладино, кои остануваат втора варијанта доколку преговорите со поранешниот селектор на Италија не финишираат успешно.
На бјанконерите им се брза, бидејќи веќе задутре ги очекува нов дуел во Италија и тоа против Удинезе на домашен терен, дуел кој се очекува да го води Масимо Брамбиља, тренерот на Јувентус NextGen екипата.