НАЈБИТНИТЕ ФАКТИ ЗА СЕАНГЛИСКОТО ФИНАЛЕ
Објавено на: 29.05.2021
Лондонските сини имаат титулa во Лигата на шампионите, освоена во 2012-та, додека синиот состав од Манчестер првпат игра во финалето на ова натпреварување.
Челси двапати сезонава го совладаа Сити во Премиерлигата и еднаш во ФА Купот. Околу 16.500 навивачи ќе бидат присутни на финалето на Драгао во Порто.
Двете екипи се во полн состав, Гвардиола во 2009-та и во 2011-та славеше во ЛШ со Барселона, додека Тухел минатата сезона загуби со ПСЖ од Баерн Минхен.
Финалето се игра на гол повеќе, ако е нерешено ќе следуваат продолженија од 30 минути, со пенали ако и на крајот на дополнителните минути биде нерешено.
Тимовите ќе имаат право на пет измени, а ако се играат продолженија ќе имаат право да ја направат и шестата. Околу 200 земји ќе го гледаат финалето низ пренос на ТВ екраните.