НАДАЛ МОЖЕ ДА ОСВОИ САМО ЕДЕН ТУРНИР НА ТРЕВА, ГОДИНАВА
Објавено на: 05.07.2021
Додека се опушта од тенисот, шпанската мегаѕвезда Рафаел Надал наоѓа „утеха“ на терените за голф. И таму сигурно го „малтретира“ топчето, но далеку е порелаксиран од она што би му се случувало во дуелите со Новак Ѓоковиќ, на пример.
За тоа време, Ноле ги остри сетилата за освојување на третиот Грен слем во годината, по Аустралиан Опен и Ролан Гарос. На ред е Вимблдон каде претставата е на половина, а потоа следува обидот на ЛОИ, УС Опен и завршниот Мастерс, за комплетирање на досега невдиден тениски „слем“.
