Фудбал

АКО Е ОВА ПЕНАЛ, ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ФУДБАЛ

Судија од елитна европска лига, нема ни 20 минути од мечот, нема контакт ни за фаул, а камо ли за пенал, плус и црвен картон за домашната екипа од натпревар во Лигата на шампионите.

Не е чудно што е половина на полувремето, затоа што црвени се добивале и во првата секунда од мечот. Чудно е што немаше интензивен старт, чудно е што Томори се обидуваше да излезе пред напаѓачот на страната на голот, чудно е што не го влечеше за дрес, чудно е што Маунт остана на нозе.

Фудбалот е спорт со контакт, интензитетот на контактот е пресуден за казната. Тука немаше интензитет, туку грубо досадно германско толкување на фудбалските правила. Контакт кој не претпоставува стекнување на предност или подреденост не е фаул, ниту пак пенал.