НА КОЕ СВЕТСКО РОНАЛДО ЈА НОСЕШЕ ОВАА ФРИЗУРА И ШТО НАПРАВИ ТОГАШ БРАЗИЛ?
Објавено на: 19.06.2022
Бразилската легенда Роналдо Луис Назарио де Лима засекогаш ќе остане врежан во историјата на светските првенства. Беше тоа, од оваа фудбалска преспектива, далечната година 2002-ра кога покажа дека е најдобриот на светот.

Се појави со најсмешната фризура што некогаш сме ја виделе, направи дар-мар и беше најдобар стрелец со 8 гола, постигна 2 во финалето против Германија кое го судеше Колина, Оливер Кан му ја украде титулата најдобар играч.

Бразилците можеби не беа убедливи се до последниот натпревар, имаше и неколку мечеви низ кои се провлекуваа резултатски, но во последниот дуел покажаа дека во тој момент едноставно беа најдобрата репрезентација на светот.

Триумфот против Германците со 2:0 беше само продолжување на успешните настапи на СП, по титулата 1994 во САД и финалето 1998 во Франција. Тоа беше најплодната година за „О Феномено“, сегашниот претседател на Ваљадолид.