ЌЕ ОСТАНЕТЕ НАЈМАЛКУ ПОДЗИНАТИ ОД ГОЛОТ НА МАТЕО МЕСИ
Објавено на: 19.06.2022
Ако мислевте дека Лионел Меси е убиствен напаѓач, тогаш убаво изгледајте го видеово на Матео Меси кој е роден 2015-та година и обидете се да не останете подзинати.
Ако ова не е наместена видео-монтажа, тогаш ова ново чудо од дете ги има наследено сите фудбалски гени од неговиот татко и ги има унапредено, гледајќи ги неговите настапи:
Mateo Messi va a ser mejor que su papá NOOpic.twitter.com/7UuDNMJkmt
— Kratos Culé (@KratosCule) June 18, 2022
На Лионел Меси му се ближи фудбалскиот крај, човекот има 34 години и најверојатно уште 3-4 ќе игра на високо ниво, но не како што бевме навикнати до пред година-две.
Но, светот на фудбалот не мора да се грижи за иднината, наследникот е тука. Браво, Матео!