МУСИАЛА СЕ СРУШИ НА ТЕРЕНОТ И ГИ ПРЕПЛАШИ НАВИВАЧИТЕ НА БАЕРН
Објавено на: 15.08.2026
Џамал Мусиала предизвика голема загриженост за време на пријателскиот натпревар меѓу Баерн Минхен и Лајпциг, откако во завршницата од средбата се сруши на теренот и мораше веднаш да добие медицинска помош.
Инцидентот се случи во 38. минута од второто полувреме, кога германскиот репрезентативец одеднаш падна на тревникот.
Неговиот соиграч Исмаел Саибари веднаш реагираше, притрча кон Мусиала и се обиде да го придржи при падот, по што на теренот пристигна и медицинскиот тим.
Сцената предизвика загриженост на трибините, но набрзо пристигна и добра вест. Мусиала успеа сам да стане и на нозе да го напушти теренот.
Според Билд, првичните сомнежи се дека високата температура била причината за проблемот. Во моментот кога се играше натпреварот, температурата во Минхен достигнувала околу 33 целзиусови степени.
Мусиала не го започна натпреварот, туку влезе во игра во 24. минута од второто полувреме.
Интересно е што само кратко пред да се сруши, германскиот фудбалер успеа да се запише и во листата на стрелците. Тој го постигна последниот погодок на натпреварот за конечна победа на Баерн од 3:1.
Le travail immense de Saibari pour servir Musiala !! C’est du très très haut niveau pic.twitter.com/AxRHz6JBJY
— JeanBonBeurre #KaneBallonDor (@JeanBonBeurreL) August 15, 2026
Засега нема информации дека станува збор за посериозен проблем, а фактот што Мусиала самостојно го напушти теренот е охрабрувачки. Сепак, во Баерн сигурно внимателно ќе ја следат неговата состојба по непријатната сцена на теренот.