Фудбал

МОДРИЌ СТАНА НАЈСТАР СТРЕЛЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЛИГАТА НА НАЦИИ

Лука Модриќ со голот кој го постигна синоќа против Чешка, негов јубилеен 30-ти во дресот на Хрватска, стана најстариот стрелец во историјата на Лигата на нации.

На возраст од 41 година и 17 дена, легендата беше и еден од играчите кои најмногу претрчаа во хрватскиот тим.

Модриќ беше прогласен за играч на натпреварот, а во 76-те минути што ги помина теренот, Лука одржа лекција за фудбалска елеганција и корисност. Од 66 испратени додавања, дури 61 му беа прецизни (92% стапка на успешност). Кај долгите топки имаше совршени 4 од 4, а тој ги доби и сите три дуели.