Фудбал

МАКЕДОНИЈА СЕГА Е СО САМО 3 ОТСТО ШАНСИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕЛИТНАТА ЛИГА НА НАЦИИ

После поразот од Швајцарија од 0-3 на домашен терен синоќа, за македонскиот фудбалски национален тим стана речиси невозможна мисија пласманот на прво место и напредување во елитната Лига А во Лигата на нации.

Шансите за се сведени само на теорија и најверојатно ќе следува битка за опстанок.

Суперкомпјутерот пресмета дека имаме само 3 проценти шанси за влез во Лига А. Од друга страна, две третини, или 66,3 отсто, се шансите да бидеме последни во групата и да играме бараж за опстанок во Лига Б, а високи 42,1 отсто се шансите да испаднеме во Лига Ц каде што бевме во претходното издание.

Сега на ред е гостување кај Словенија, меч кој може во голема мерка да ја одреди судбината на македонскиот национален тим во оваа сезона од ЛН.