МИЛАНСКАТА КЛЕТВА ПОВТОРНО УДРИ
Објавено на: 11.06.2023
Екипата на Интер е поразена во финалето во Лигата на шампионите во Истанбул, со 1:0 од Манчестер Сити. Англискиот тим беше фаворит, но италијанскиот беше рамноправен, а на моменти и доминантен особено во последната четвртина од мечот. Можеби последните 20-тина минути од финалето 2023-та конечно ќе ги научат Италијанците дека бункерот кога тогаш се распаѓа, а офанзивниот фудбал е роднина со максимата „среќата ги следи храбрите“.
Интер се отвори кога беше предоцна, а покажа дека може да се надигрува и да доминира, односно да креира шанси кога сака, во пресметка со најизвиканата екипа во историјата на фудбалот (по Барселона), која имаше среќа што Реал Мадрид и Баерн Минхен се на крстопат на генерациите и прават рефреш, а Арсенал и Манчестер Јунајтед се несозреани, односно неревитализирани екипи.

Без да се омаловажи победата на премиерлигашот, ќе констатираме дека Манчестер Сити постигна карамбол гол преку шут кој уште милион пати да биде шутнат, нема да има таква траекторија и Чалханоглу уште на миион натпревари, нема да се постави во линија или зад својот соиграч, толку доволно за да помине топката во мрежата.

Шансата на Интер и блокот од Лукаку, потсетија на шансата на Шевченко со глава и со нога во 118-та минута во финалето 2005-та, кога Милан водеше 3:3, Ливерпул изедначи на 3:3 и на крајот, по таа фамозна шанса ипајак-интервенцијата на Дудек, победи на пенали. Истанбул е црната магија за двата клуба од Милано?