Фудбал

МИЛАН ИМА ЧУДО ОД ДЕТЕ СО ПРОСЕК 5.5 ГОЛА ПО НАТПРЕВАР

Франческо Камарда има 14 години и настапува за екипата на Милан до 15 години. Познате е каква е таа разлика во возраста, на таа возраст кога една година може да влијае како една деценија.

Досега, Камарда има одиграно 89 натпревари, на кои има постигнато неверојатни 485 гола. Дури и да му ја додаваат топката противничките играчи, не би бил толку прецизен и ефективен, ако не знае да игра фудбал.

Овој учинок во кадетските селекции не мора да значи ништо, не мора да ветува светла фудбалска иднина, не мора да предвидува раѓање на фудбалска ѕвезда. Но, треба да се земе в предвид и со внимание да се следи.

Дали имале просек 5.5 гола по натпревар Меси и Роналдо?