Фудбал

МЕСИ ОТКРИ ШТО МИСЛИ ЗА ЈАМИН ЛАМАЛ

По Лионел Меси кој беше тинејџ-сензација на времето, Барселона има ново дете за кое целиот свет зборува. Тинејџерот Јамал не само што е еден од главните играчи на Барселона на само 17 годишна возраст, туку тој е и еден од темелите на Шпанија поради кој „црвената фурија“ стана Европски шампион.

На таа тема, Меси имаше свое излагање на поткастот „Симплементе Фудбол“ во која со суперлативи зборуваше за својот „наследник“ на Камп Ноу.

Тој има неверојатни квалитети и веќе докажува дека е еден од најдобрите играчи на светот. Импресивно е она што веќе го има постигнато, на 17 години стана Европски шампион со Шпанија.

За разлика од Меси, кој чекаше 16 години по своето деби со Аргентина за да освои трофеј, на младиот Јамал тоа му успеа после неполна година. Оваа сезона, Шпанецот ја брка титулата која Меси ја има неколку пати освоено, а тоа е Ла Лига и Лигата на шампионите, трофеј кој каталонците го немаат освоено 10 години.