Фудбал

БРАЈТОН И ЧЕЛСИ ВО „ВОЈНА“ ЗА ТАЛЕНТИРАНИОТ ТРЕНЕР НА ИПСВИЧ

Челси и Брајтон останаа без тренери по крајот на сезоната во Премиер лигата, по што двата клуба влегоа во битка за потписот на Киран Мекена, како замена за Покетино, односно Де Sерби.

Човекот кој успеа да го одведе Ипсвич до англиската елита по 22 години пауза, откако неговиот тим сезонава заврши на второто место во Чемпионшип, е на слатки маки да го одбере својот нов клуб. Мекена е млад и талентиран стратег со потенцијал да биде тренер од светска класа доколку продолжи со серијата успеси, а шанса да го прави тоа добива и од Галебите, но и од Сините од Лондон.

Неговата кариера почна како асистент во тимот на Тотенхем до 18 години, па во младинскиот погон на Манчестер јунајтед, за од 2018 до 2021 година да му биде асистент на Оле Гунар Солскјер во првиот тим на Црвените ѓаволи.

Во првата самостојна работа Мекена ги покажа своите способности како стратег, па сега мора да одлучи дали кариерата ќе ја продолжи во Брајтон или во Челси, а нема да биде изненадување доколку остане во Ипсвич.