Фудбал

СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА НЕИСКОРИСТЕНАТА ШАМПИОНСКА АРКА НА АРСЕНАЛ (ФОТО)

Надежите дека Арсенал може да ја освои титулата во Премиер лигата по 20 години пауза, згаснаа по само две минути во последното коло во кое Манчестер сити без проблеми ја осигура потребната победа над Вест Хем и го одбрани тронот.

На крајот двата бода предност на Граѓаните беа доволни за во северниот дел од Лондон да се откаже организираната прослава.

На „Емирати“ имаше и пробна прослава со сите потребни реквизити, како арката на која беше напишано „Шампиони 2023/24“ со логото на Арсенал. Оваа арка не се искористи, па стана тема на потсмев на социјалните мрежи.

Штом не се искористи, решението околу арката ќе биде рециклирање. Материјалите од кои е изработена арката ќе се преработат и пренаменат за нешто друго, а истото важи и за арката на Сити која во нивниот случај се искористи токму за шампионската прослава.