Фудбал

МБАПЕ СЕ СПАСИ ОД ПАРИСКАТА ЌЕЛИЈА, НО СЕГА ИМА ДРУГ ПРОБЛЕМ

Килијан Мбапе ја искористи првата прес-конференција откако ја реализира преселбата во Реал Мадрид, искрено да проговори за последната сезона која ја помина во ПСЖ.

Според неговата изјава, се чини како да се спасил од парискиот затвор, а отворено зборуваше и за заканите кои ги добивал од челниците на клубот.

„Претставници на управата директно во лице ми соопштија дека целата сезона ќе ја поминам гледајќи го тимот од трибини. Тогаш реагираа Окампос и Енрике, тие двајца ме спасија, со нивна помош успеав да ја завршам сезоната како што треба“, посочи Мбапе.

Споре оваа изјава, може да се заклучи дека управата знаела дека Мбапе ќе замине како слободен играч уште на почетокот на сезоната, иако Французинот ја соопшти одлуката дури на почетокот од 2024 година.

Според најновите информации, сагата не завршува тука, ПСЖ сега му прави проблеми на Мбапе околу исплатата на бонусите и преостанатите неделници. Наводно парижаните одбиваат да исплатат околу 70 милиони евра кои ги должат на нивниот најдобар стрелец во клупската историја.

Сумата воопшто не е мала, но прашање е дали Мбапе ќе преземе нешто во врска со тоа, знаејќи дека потписот за Реал Мадрид му донесе бонус од 100 милиони евра и годишна заработка од 15 милиони евра.