БАРСА И НАЈКИ ГО ПОТПИШАА НАЈБОГАТИОТ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР
Објавено на: 05.06.2024
Управата на Барселона оствари огромно финансиско засилување со новиот договор кој го случи со спонзорот „Најки“ Ова е најбогатата зделка помеѓу клуб и спонзор во историјата на фудбалот, а ќе важи во следните 10 години.
Имено, Барса ќе инкасира бонус од 100 милиони евра при обновувањето на соработката, а на годишно ниво ќе наплаќа од 105 до 120 милиони евра.
Вкупната заработка по 10 години ќе изнесува над 1,2 милијарди евра, со што Каталонците првично се осигураа околу изработката на нивната опрема и дресови. Овие средства ќе бидат добредојдени за клубот да застане на нозе по огромните финансиски проблеми со кои се соочува изминативе години.