МБАПЕ ИГРА ШАХ ВО ПСЖ И СЕ ИСПОКАРА СО ЦЕЛА ЈУЖНА АМЕРИКА
Објавено на: 19.08.2022
Францускиот интернационалец уживa во моќта која му ја дозволија челниците на францускиот шампион и веднаш, безрезервно се впушти во авантурата да решава кој играч ќе дојде и кој ќе замине.
На последниот состанок по расправијата со Нејмар околу изведувањето на пеналите, Килијан Мбапе излегол од средбата видно разочаран и лут затоа што ПСЖ не донел одлука да го продаде Бразилецот.

Претходно, Мбапе бил причината поради која си заминал Анхел Ди Марија, а ќе биде причината поради која ќе си заминат и другите јужноамериканци, кои тој ги смета за поддршка на Нејмар.
Во меѓувреме, излезе во јавноста со изјава дека јужноамериканскиот фудбал не може да се носи со европскиот, дека е многу полесно да се игра таму, отколку во Европа за мундијалските квалификации.

На ова доби одговор од бразилскиот селектор Тите, кој му реплицираше: Ние не играме со Азербејџан, кај нас нема натпревари кои ти дозволуваат да се одмориш за време на квалификациските мечеви.