ЧАСОВИ ГО ДЕЛАТ КАСЕМИРО ОД ЈУНАЈТЕД
Објавено на: 19.08.2022
Штом толку се крева прашина, готово е. Штом пишуваат за ова и најголемите познавачи на фудбалот, готово е. Прашање е само на време кога бразилскиот интернационалец ќе го облече дресот на црвените ѓаволи.
Фабрицио Романо наведува дека часови го делат Касемиро од Олд Трафорд, медицинските прегледи се очекуваат викендов, а следната недела тој ќе биде играч на Тен Хаг кој очајно бара сериозни играчи.

Парите се тие – 60 милиони евра сега, а 10 милиони како додатоци за Реал Мадрид, односно околу 380.000 фунти неделна плата за играчот од средниот ред, кој треба да донесе стабилност во Јунајтед.
Договорот е понуден на 4 години, со опција на уште една, за 31-но годишен фудбалер кој е во зенитот на формата, кој нема нешто што не освоил со Реал Мадрид. Ќе успее ли овој дил?