Фудбал

ГАЗДАТА НА ЈУНАЈТЕД ПОСТАВИ ПЕТ СТРОГИ ПРАВИЛА КОИ НОВИОТ ТРЕНЕР МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА

Јавноста уште ја чека конечната одлука околу судбината на Ерик Тен Хаг, за кого беше најавен отказ по финалето во ФА Купот, без разлика што Манчестер јунајтед славеше против градскиот ривал Сити и ја заврши сезоната со трофеј.

Се чини дека отказот за Тен Хаг е неминовен, а додека управата трага по нов тренер, Џим Ретклиф постави пет строги правила кои наследникот на Холанѓанецот ќе мора да ги почитува.

Новиот тренер ќе има врзани раце околу тактиката и изборот на засилувања, а ова се критериумите:

  • Потенцијалните засилувања да не бидат постари од 25 години
  • Нема купување ѕвезди
  • Стилот на игра ќе го одреди техничкиот директор Џејсон Вилкокс
  • Потенцијални засилувања ќе се бираат според позиција, а не кој играч
  • Тренерот да одбере едно од трите потенцијални засилувања понудени од управата

Воедно, Ретклиф ги повика сите вработени во Манчестер кои изминатиов период работеа од дома, да се вратат во канцелариите, во спротивно ќе бидат спогодбено отпуштени.

Новото власништво верува дека ваквиот пристап кон работите ќе донесе подобрувања како на теренот, така и нов него, а дали навистина ќе биде така, ќе покаже времето.