Фудбал
СЕДЛОСКИ НАЈАВИ, МАКЕДОНИЈА ИМА ЈАСНА ЦЕЛ: „САКАМЕ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО“
Објавено на: 25.09.2026
Со започнување на мечевите во Лига на нации, започнува и мисијата за пласман на Македонија на Европско првенство 2028. Овие мечеви во Лига на нации може да бидат многу важни пред одредување на барабаните за ждрепката во квалификациите за ЕП 2028. Македонија е во улога на аутсајдер, но селекторот Седлоски е оптимист и верува дека може да се направи подвиг и нашата репрезентација да биде дел од ЕП 2028.
„Одиме од натпревар во натпревар, но наша цел е Европско првенство. Се подготвуваме за тоа. Не сум прогнозер, не сакам да дадам некоја прогноза предвреме. Почнувајќи од утре очекувам на следните четири меча да освоиме доста бодови. Колку ќе успееме ќе видиме по одигрување на натпреварите“, рече Седлоски.
Македонија досега само еднаш во историјата била дел од ЕП и тоа во 2021 година благодарение на одличните настапи во Лигата на нации. Останува да видиме дали тој подвиг може и сега да се повтори посебно ако се знае дека сега сме во Б сегментот од Лига на нации.