МАНЧЕСТЕР СИТИ ГО ЧЕКА ТЕШКА КАЗНА, ДУРИ И ИСФРЛАЊЕ ОД ПРЕМИЕР ЛИГАТА
Објавено на: 25.09.2026
Манчестер сити се соочува дури и со исфрлање од Премиер лигата откако беше прогласен за виновен по 114 од 115-те обвиненија поврзани со кршење на финансиските правила.
Сити може да добие огромни финансиски казни, одземање титули па дури и исклучување од Премиер лигата. Откако ќе стигне пресудата клубот ќе ја обжали одлуката, па конечниот епилог на процесот би можел да биде познат по уште една правна битка.
Клубот беше обвинет за прекршоци направени помеѓу 2009 и 2018 година. Тие вклучуваа поднесување лажни финансиски извештаи, зголемување на договорите за спонзорство преку скриено финансирање од сопствениците, прикривање на реалните плати на играчите и тренерите и несоработка со истрагата со години.
Сити од самиот почеток ги отфрлаше обвинувањата и инсистираше дека има докази со кои може да ја поткрепи својата позиција.