МАКЕДОНИЈА СО АДИДАС И НОВ ДРЕС НА БАРАЖ
Објавено на: 21.03.2026
Македонската фудбалска репрезентација официјално го претстави новиот дрес и влезе во нова ера со промена на брендот на опрема, од ЈАКО кон Адидас, токму пред клучните натпревари во баражот за Светското првенство.
Германскиот бренд ЈАКО ја снабдуваше репрезентацијата со опрема приближно од 2018 година па сè до 2024/2025, период во кој Македонија испиша историски моменти, вклучувајќи го и настапот на Европското првенство. Сега, со Адидас, започнува ново поглавје, со нов изглед, нова енергија и нови амбиции.
Новиот дрес носи освежен дизајн, но и симболика, омбинација на традиција и модерност, со препознатливите црвено-жолти бои што го претставуваат македонскиот идентитет.
View this post on Instagram
Промената доаѓа во вистински момент. Македонија ја очекува тежок предизвик, дуелот со Данска во баражот за пласман на Светското првенство.
Се надеваме дека новиот дрес, новата свежина и новиот изглед ќе донесат и нова среќа. А зошто да не и уште еден чекор напред, втор бараж натпревар и можеби историски пласман на Светско првенство.
Време е за нова приказна!