Фудбал

ЛУКАКУ: ЏЕЈ ЗИ МИ ПОМОГНА ДА ГО ОДБЕРАМ ИНТЕР

Ромелу Лукаку го имаше своето прво интервју по освојување на шампионската титула со Интер и заминувањето на Антонио Конте од Милано.

Белгиецот откри  дека имал разговор со славниот рапер Џеј-Зи со кого е пријател, а советот од Американецот му помогнал да го избере Интер пред останатите понуди.

Ми се допаѓа начинот на кој Џеј-Зи го живее својот живот, уште од првиот ден откако го запознав. Тој е победник и живее како победник. Се сеќавам дека кога стигна понудата од Интер, тој ми рече да не се двоумам доколку мислам дека во Интер можам да победувам.

Потоа продолжи:

Во првата сезона дојдовме на сантиметар од освојување на трофеј, но не успеавме. Останавме трпеливи, работевме напорно и смирено и во втората сезона успеавме. Тоа е патот кој Џеј-Зи ми го покажа. Откако ја освоивме титулата, тој беше првиот што ми се јави. Јас сум среќен што имам пријател како него, бидејќи со Џеј-Зи можам да зборувам во било кое време.