МОДРИЌ ЛАДНОКРВЕН НА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ СЕЛТИК ИЛИ СИТИ Е ПОСАКУВАНИОТ ПРОТИВНИК НА РЕАЛ
Објавено на: 30.01.2025
Реал Мадрид преку плејоф-фазата ќе мора да избори место меѓу 16-те најдобри екипи во Европа, а по вчерашното последно коло од лигашкиот дел на Лигата на шампионите, познати се и двата потенцијални противници на Кралевите.
Актуелниот европски првак во двомеч ќе ги одмери силите против Селтик или против Манчестер сити, што значи дека има потенцијал првата нокаут-рунда да приреди два мегадуели меѓу европските гиганти.
Но, која екипа ја преферира Реал за противник во тој двомеч, за Модриќ воопшто не е важно.
„Селтик или Сити? Воопшто не е важно бидејќи секако мора да победиме во тој двомеч“, истакна хрватскиот ветеран.
Изјавата доликува на роден победник, човек кој моментално е најтрофеен играч во историјата на Реал Мадрид, па ни големиот Сити не го плаши.