АСТОН ВИЛА СЕ ПОЛАКОМИ И НЕ МУ ДОЗВОЛИ НА ВОТКИНС ДА СИ ГО ИСПОЛНИ ДЕТСКИОТ СОН
Објавено на: 30.01.2025
Астон вила е блиску до остварување на одлична заработка со продажбата на Џон Дуран, кој е на пат за Саудиска Арабија каде ќе потпише за Ал-Наср во трансфер вреден повеќе од 77 милиони евра.
Перспективниот напаѓач на само 21 година се одлучи да ја напушти Европа и наместо да гради кариера, се залета по парите, исто како клубот што го продава.
Во меѓувреме, Вила одби 60 милиони фунти од Арсенал за услугите на Оли Воткинс, спречувајќи го Англичанецот да си го оствари детскиот сон. Воткинс од мали нозе е навивач на Топчиите, целото негово семејство навива за гигантот од северен Лондон, меѓутоа Астон вила му ги скрати соништата бидејќи не се зодоволија со 60 милиони фунти.
Крајно безобразен потег кон играч кој имаше огромна улога во подемот на премиерлигашот кон топ 4 минатата сезона и квалитетно издание во Лигата на шампионите сезонава.