Кошарка

ДЕБИТО НА ДОНЧИЌ ВО ДРЕСОТ НА ЛЕЈКЕРС ПРОСЛЕДЕНО СО ХИТ ОД ШАБАН ШАУЛИЌ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ ноќеска дебитираше во дресот на Лос Анџелес Лејкерс придонесувајќи за победата над Јута џез со 132:113.

Словенечката суперѕвезда имаше лимитирана минутажа со оглед на тоа дека се врати од повреда, па за 23 ипол минути колку што се најде на теренот, Дончиќ реализира 14 поени, 5 скока и 4 асистенции.

Инаку, Лука е познат по тоа дека обожува балканска народна музика, па каде и да оди ја носи забавата со себе. Така, градот на Ангелите и фановите на Лејкерс ноќеска се запознаа со хитот на Шабан Шаулиќ, „Кралице на моето срце“, песна која ечеше во „Крипто“ арената за време на загревањето пред натпреварот.