ПОРАНЕШЕН ЕВРОПСКИ ПРВАК И НЕГОВАТА СОПРУГА УАПСЕНИ ВО БОЛОЊА!
Објавено на: 16.10.2025
Лука Вилдоза, ѕвездата на Виртус Болоња и поранешен европски првак со Панатинаикос, вчеравечер бил уапсен заедно со неговата сопруга, Милица Тасиќ, одбојкарската репрезентативка на Србија, откако и двајцата биле главни актери во скандалозен инцидент во кој физички нападнале медицински персонал.
Според италијанските медиуми, болничко комбе било застанато во непосредна близина од влезот на салата Паладока, каде истата вечер Виртус и Монако ги одмерија силите во рамките од четвртото коло во Евролигата. Инцидентот започнал токму по натпреварот, кога Вилдоза на изледување од салата нетрпеливо сигнализирал на болничкото комбе да се тргне од патот, додека медицинскиот тим се подготвувал за нова интервенција. Аргенцинецот прво блиндирал со фаровите од својот автомобил, а потоа ја вреѓал медицинската екипа само затоа што за момент му попречиле на патот.
Скандалот не завршил таму. Вилдоза се пресретнал со истото комбе во регионот Вијале Силвани, каде комбето веќе било упатено со ротациски сигнали за интервенција. Вилдоза бил пред комбето, па намерно го попречувал патот со остри маневри и споро возење. Кога застанале, медицинската екипа го прашала Вилдоза зошто така се однесува, а овој физички ги нападнал, фаќајќи ја медицинската сестра за врат. Неговата сопруга се приклучила во физичката пресметка, па имало и скубење за коси.
Полицијата веднаш интервенирала, па брачниот пар бил приведен, по што против нив е спроведена истрага и се наоѓаат пред обвинување за напад врз службени лица на должност.