СЕ НУДЕШЕ НА БАРСЕЛОНА, ЗАВРШИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА
Објавено на: 06.02.2024
Џеси Лингард конечно ќе заигра за нов клуб откако е блиску да ја официјализира соработката со јужнокорејскиот прволигаш Сеул. Поранешниот англиски репрезентативец се очекува да потпише двегодишен договор, според тврдењата на добро информираниот Фабрицио Романо.
Лингард беше слободен играч од јули минатата година, кога му заврши едногодишниот договор со Нотингем форест. Во меѓувреме го користеше тренинг центарот на Вест хем за да ја одржи физичката форма, а наводно чекаше понуди од Саудиска Арабија, додека амбициозен и помалку хумористичен му беше потегот кога се понуди на Барселона.
Сепак, Лингард ќе игра во Јужна Кореја во следните две години, во обид да ја збогати кариерата.