ЛЕВОРАКИОТ КОБИ БРАЈАНТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО НА ФИБА
Објавено на: 27.08.2023
Светското првенство на ФИБА им овозможува на некои сегашни и поранешни играчи во НБА, да бидат во фокусот на вниманието со настапите во нивните национални тимови. Еден поранешен НБА играч ја подигна таа идеја на повисоко ниво, потсетувајќи ги фановите на легендата на НБА.
За селекцијата на Јордан, на Мундијалот настапува Рондej Холис Џеферсон, кој две години не настапува во НБА лигата, а во поразот од Грција со 92:71 забележа 24 поени и девет скока.
Kobe must be watching this, smiling. 🥹#FIBAWC x #WinForAll pic.twitter.com/G8QhHDgxFs
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) August 26, 2023
Моментите на Холис-Џеферсон беа толку импресивни што многу фанови потсети на Коби Брајант. Помогна тоа што напаѓачот го носи бројот 24, исто како што тоа го правеше Брајант доцна во кариерата. Иако Џеферсон игра со левата рака, сепак овие моменти разбудија силни чувства кај искрените љубители на кошарката.