Фудбал

БРОЈКИТЕ ВЕЛАТ – ИДНИНАТА НА РЕАЛ Е СВЕТЛА

Како никогаш претходно, во новата сезона гледаме подмладен и перспективен состав на Кралскиот клуб, кој, ако остане заедно во наредната деценија и ако не се случат некои непредвидени ситуации, ќе царува по европските терени суверено и убедливо.

Помогнати од ветераните како Модриќ и Крос, младите фудбалери на Реал Мадрид полека се вклопуваат на големата сцена. На возраст од 20 години и 57 дена, Џуд Белингем е најмладиот играч во 21 век кој постигнал гол на три последователни натпревари за Реал Мадрид во Ла Лига.

Заедно со Винициус, Камавинга и компанија, на добар пат се да завладеат со Европа. Има ли сличен концепт некој од другите европски гиганти?