КАКО ИЗГЛЕДААТ РЕКОРДНИТЕ 40.000 ПОЕНИ НА ЛЕБРОН (ВИДЕО)
Објавено на: 04.03.2024
Леброн Џејмс го издигна рекордот по бројот на поени на сосема ново ниво, како единствен кошаркар со над 40.000 поени во НБА лигата. Популарниот Крал го оствари рекордот во поразот на Лејкерс од Денвер, ноќта меѓу сабота и недела, кога Џејмс реализира 26 поени.
Пред почетокот на натпреварот му недостасуваа само 9 поени до остварувањето, па релативно брзо стигна до бројката од 40.000 поени во текот на средбата.
Видеото подолу е визуелна анимација на сите постигнати кошеви на Џејмс во текот на неговата 21-годишна НБА кариера, како член на Кливленд во два наврати, Мајами и Лејкерс.
This is what 40,000 points looks like. Congrats, LeBron. pic.twitter.com/yx8xvbmtnE
— Kirk Goldsberry (@kirkgoldsberry) March 3, 2024