Фудбал

КОМЕДИЈА ВО БРАЗИЛ: ГО ВЛЕЧАТ ПОВРЕДЕНИОТ ИГРАЧ КАКО ПАРТАЛ (ВИДЕО)

Урнебесна сцена се случи за време на дуелот меѓу Флуминенсе и Ботафого во Кариока шампионатот кој заврши со 4-2 во корист на гостите.

Се играше судиското надополнување во второто полувреме, кога еден гостински фудбалер се жалеше на повреда на работ од теренот во близина на голот на Флуминенсе. Еден соиграч дојде и го повлече за да лежи на теренот и да губи време, додека домашниот голман истрча и го врати назад зад аут-линија. Потоа повторно го вратија повредениот играч во играчката зона, кога настана мешаница поради целата комична ситуација.

Навистина луда и несекојдневна глетка.