Фудбал

ЛАПОРТА ИМА ШТО ДА КАЖЕ ЗА ТРАНСФЕРИТЕ ВО САУДИСКА

Европскиот фудбал се наоѓа пред сериозен предизвик, а тоа е фактот – како да се задржат фудбалерите кои масовно змаинуваат за Саудиска Арабија, каде добиваат енормни договори. Ова масовно можеби звучи претенциозно, но до лани таму немаше ниту еден професионален фудбалер.

Претседателот на Барселона и шпански политичар, ги пецна фудбалерите со изјавата:

Кога еден фудбалер заминува за Саудиска Арабија, едноставно нема спортски причини во тој негов потег.

Се разбира дека Лапорта алудира на парите. Што е со билионите на Сити? Барселона, до пред 5-6 години, беше една од топ 3, понекогаш и првата екипа која трошеше најмногу пари за плата на фудбалерите. Има ли право да зборува на ваков начин?