ДАЛИ ОВОЈ КЛУБ НЕПРАВЕДНО Е ОШТЕТЕН ЗА МЕСТО МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ?
Објавено на: 04.08.2023
Најдобар е субјективна констатација, дури и кога се работи за освојување на трофеите, затоа што видовме како Аргентина го освои пехарот на последното СП. Затоа, ќе го користиме терминот НАЈГОЛЕМИ.

Ајакс му даде на фудбалскиот свет милион фудбалери од врвна класа, ги храни останатите клубови ширум Европа кои се преполни со пари, но никако не можат да ја откријата тајната на продукција на талент и квалитет. Дури и големата Барселона, е продукт на холандските „гатсербајтери“ кои со децении се од витално значење за каталонската гордост.

Ајакс е еден од ретките клубови, само три на број, кои имаат три редоследни титули во Лигата на шампионите. Другите се Реал Мадрид (двапати) и Баерн Минхен. Ол-стар лигата на денешницата, односно Премиерлигата го црпи најголемиот потенцијал од овој клуб, особено последните 10-тина години кога троши неверојатни пари.

Јари Литманен во улога на „Кум“ од Амстердам – дали неправедно, Ајакс не е вброен меѓу ГОЛЕМИТЕ европски клубови, а со оглед на сеопфатноста на клубот, не е истакнат како НАЈГОЛЕМ меѓу елитните организации? Освен најтрофејниот Реал, дали Сити, Јунајтед, Барселона, Милан, Јувентус, Баерн, Ливерпул… се поголеми?