ЛА ЛИГА ПРИЗНА ПОРАЗ: НИШТО ОД ДУЕЛОТ ВИЉАРЕАЛ – БАРСЕЛОНА ВО МАЈАМИ
Објавено на: 22.10.2025
Раководството на Ла Лига призна пораз и се откажа од планот да го организира лигашкиот дуел меѓу Виљареал и Барселона да се одигра во Мајами, САД. Иако речиси сите аспекти беа договорени во исчекување на историскиот подвиг на шпанскиот фудбал, притисокот од останатите клубови како и голем број на фудбалери, влијаеше врз Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига.
„Ла Лига длабоко жали за пропуштената прилика да оствари историска експанзија на првенството, договорениот натпревар нема се одржи според планот“, започнува соопштение на Ла Лига.
УЕФА иако не се согласуваше со овој потег, мораше да го прифати поради недостигот на регулативи од страна на ФИФА, сепак целиот план пропадна по притисокот на јавноста.
Виљареал требаше да биде домаќин на Барселона кон крајот на декември годинава во Мајами, на стадионот кој е предвиден идното лето да биде дел од Светското првенство кое ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.