ЛА ЛИГА УДРИ ПО ПРЕМИЕРЛИГАТА – ОБВИНУВА ЗА ИЗМАМА
Објавено на: 01.02.2023
Долго време клубовите се во војна од повеќе причини, а главната се финансиите. Секоја година, слушаме обвинувања за заобиколување на правилата кои сепак се чини дека важат за едни, а не важат за други.
Како се снаоѓаат оние кои го прават тоа, никој не знае, затоа што многу нешта се нејасни и многу судови се инволвирани, а секако и притисоците од политичките и другите фатори многу влијаат.

Ла Лига ја обвини Премиерлигата дека клубовите кои се нејзини членки ги прекршиле правилата на финансискиот фер-плеј, затоа што потрошиле вртоглави 815 милиони фунти за трансфери во јануари.
Де-јуре правилата постојат, но дали се применуваат де-факто? Дали законите се манипулираат и дали јавноста е заведена од некакви регулативи, на кои големите играчи кои го водат светот, им се смеат?