Ракомет

КУЗМАНОВСКИ ЈУНИОР ПРЕД ТЕЛЕВИЗОРОТ НАВИВА ЗА ТАТО И МАКЕДОНИЈА

Додека македонската ракометна репрезентација водеше жестока битка за секој бод против силната селекција на Португалија, една сцена далеку од теренот украде дел од вниманието и ги освои срцата на навивачите.

Синчето на капитенот Филип Кузмановски, малиот Матијан, пред телевизорот го препозна својот татко во дресот на Македонија и со детска искреност и радост го бодреше „тато“ и другарите во црвениот дрес.

Таквите моменти се потсетник дека зад секој капитен, зад секој репрезентативец, стои семејство кое трпи, навива, се радува и живее со секој напад и секоја одбрана. За децата, нивните татковци не се само спортисти тие се херои.