Фудбал

КОЈА АФРИКАНСКА ЗЕМЈА БИ ИМАЛА НАЈМНОГУ ТРОФЕИ, АКО НЕ ПОСТОЕШЕ ФРАНЦИЈА?

Современиот  фудбал и воопшто современиот спорт, не познаваат граници. Не ги познаваат до толку, што едноставно на повозрасните им изгледа најмалку чудно, ако не смее да се искористи зборот контроверзно.

Во освремениот спорт, кој сака игра за која репрезентација сака. Современите закони имаат толку дупки, што Бетон, Пелагонија и Гранит заедно не би ги пополниле и да беа денес истите градежни гиганти од некогаш.

Репрезентацијата на Франција освои две светски титули на фудбалските првенства 1998-та и 2018-та и една европска во 2000-та, во поновата фудбалска историја. Има една континентална и од 1984-та.

Импортот на фудбалери од Африка не е непозната за Французите, кои со векови се отворени за доселеници од т.н. „црн континент“. Дали би биле денес тоа што се, во фудбалска смисла, ако немаа ваква стратегија?

По сите овие претходни констатации, инспирирани строго од фудбалот и во спортска смисла, се поставува прашањето „Која Африканска земја би имала најмногу пехари во фудбалот, ако не постоеше Франција“?