КОИ СЕ ТРОЈЦАТА ФУДБАЛЕРИ КОИ ИМААТ ПОГОДЕНО ГОЛ ВО СЕКОЈА МИНУТА ОД МЕЧОТ?
Објавено на: 13.07.2022
Постојат рекорди и постојат достигнувања. И едните и другите се отсликување на една кариера. Дел од фудбалерите може да се пофалат со место во вечноста, други со место на листите со бројки кои ќе останат засекогаш запаметени.

Еден од оние што се наоѓа во двете категории, е Кристијано Роналдо, еден од тројцата играи кои има постигнато гол во секоја можна минута од еден натпревар, од првата па се до 90-та минута. Човекот има безброј голови и невозможно е да не е меѓу овие имиња.

Друг кој е на листата, е Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот интернационалец нема титула во Лигата на шампионите, но има харизматична и контроверзна кариера, исполнета со трофеи и најразлични моменти кои е тешко човек да не ги запомни. Уникатен играч.

Третиот на оваа листа е Луис Суарез. Човекот кој трагаше по трофеи, гризеше и касаше за да напушти една екипа и да отиде во друга со цел да биде победник. Убиец кога станува збор за гол, но воедно и еден од оние што ќе остане запаметен како валкан и играч без кауза.
Кој е вашиот пик?