Фудбал
КОЈ ЌЕ ДОЈДЕ НА МЕСТОТО НА АЛАБА?
Објавено на: 18.12.2023
Ужасните вести вчера беа потврдени, по што Кралскиот клуб останува без уште една од оските во играта, оваа во дефанзивниот ред.
Давид Алаба има повреда на преден вкрстен лигамент, што значи ќе отсуствува до крајот на сезоната. Ова е трета повреда од овој тип во Реал Мадрид оваа сезона, по Куртоа и Милитао.

Кого и дали треба да купат во преодниот рок? Што се случува меѓу Кралевите? Или ова е само несреќен сплет на околности?