КОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ ДЕСЕРТ НА ВИМБЛДОН?
Објавено на: 25.06.2021
Присутни се на овој тениски спектакл веќе 144 години, а за време на еден турнир се јадат околу 140.000 порции или околу 28 тони јагоди со шлаг. Преливот се мери во околу 7.000 литри, потрошени за тие денови, кога најдобрите тенисери се наоѓаат на Ол-Ингланд терените.
Некогаш, јагодите биле достапни само за време на тенискиот турнир. Денес, доаѓаат од посебни плантажи од грофовијата Кент каде преку 100 луѓе работат специјално за одгледување на јагодите, кои се секогаш свежи и се берат на ден пред да бидат донесени на турнирот, точно во 05:30 часот.

Познатиот шампањ кој се пие на Вимблдон, доаѓа на менито во 1977-та година. Тоа е брендот „Лансон“ од кој на секој турнир се консумираат околу 29.000 шишиња. Друг пијалак кој доминира е џинот со вкус на лимон, брендот „Пимс“. Секако, Вимблдон не поминува без кафе и чај, но сепак, над се и пред се, доминираат јагодите со шлаг…
