Фудбал
ГРАНДЕ ИЗБОР – ПАНДЕВ ВО ГРАНДЕ ТИМОТ НА ЕУРО
Објавено на: 25.06.2021
Македонската икона Горан Пандев и за збогум од националниот тим доби големо признание. Тој од холандската телевизија „НОС“ е избран во најдобриот тим на ЕУРО по првата фаза од шампионатот.
Класата е вечна, квалитетот не бледнее ниту на 38.

Друштвото на Пандев е повеќе од одбрано. Роналдо, Бејл, Де Брајне, Вајналдум…Гранде избор, а во него и Гранде Пандев.
