Фудбал

КОЈ Е ЌЕЛАВКОТО СО КОГО ВАЛВЕРДЕ ГО ПРОСЛАВИ ПОБЕДНИЧКИОТ ГОЛ ПРОТИВ БАРСА?

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:3 во 1/2 финалето на шпанскиот Суперкуп кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија и во финалето за пехарот ќе игра против Атлетико Мадрид или Атлетик Билбао, кои играат во другото полуфинале на завршниот турнир, кое е на програмата вечер.

Победничкиот гол за Кралскиот клуб го постигна Федерико Валверде, во 98-та минута од контра-напад, кој е симбол на играта на шпанскиот гигант особено последните 10-тина години, а сега овој стил на практикување на фудбалот на белите од престолнината ја доживеа кулминацијата илустрирајќи како се „распарува“ една одбрана.

За да може фудбалерите да бидат подготвени за вакви предизвици, особено во мечеви со продолженија, прво е потребна голема ментална сила која ќе им дозволи да бидат на високо ниво на концентрација во текот на целиот натпревар, а потоа и страшна физичка подготовка која ќе им дозволи да трчаат во текот на целиот натпревар.

За кондициската подготовка на Реал Мадрид се грижи повратникот кондиционен тренер, Антонио Пинтус (роден 1962), кој беше во истата улога во времето на Зинедин Зидан. Италијанецот е клучната фигура во постигнувањето на соодветните капацитети кај играчите, кои се потребни за задоволување на идеите на тренерот Карло Анчелоти.