Фудбал

КОЈ БЕШЕ ВИНОВЕН ЗА ПОРАЗОТ НА ЈУНАЈТЕД?

Може ли поединец да биде виновен за пораз на една екипа? Ако се бара виновникот, во кој ред треба да се разгледува? Дали на теренот или во подтрибинскиот простор, или пак во управувачката гарнитура?

Манчестер Јунајтед загуби од Манчестер Сити со два „евтини“ но прекрасни гола на Гундоган, со што, практично без борба, на сините им беше „подарен“ пехарот во ФА Купот и сега имаат 2/3 – освоени се англиското првенство и домашниот Куп, останува финалето во ЛШ против Интер.

Целта на Јунајтед беше барем последниот, меч број 62 оваа сезона, да заврши со триумф и со потстрек за следната, но тоа не се оствари. Од сите играчи, најспоменуван во моментов е голманот Де Хеа.

Можеше ли Шпанецот да реагира поинаку кај двата гола? Треба ли да се вперуваат очите во него? Ќе беше ли Јунатед тука ако не беше тој? Што планира црвениот клуб од Манчестер со бројот 1?